LG E610 ユーザーガイド

ページ / 588
53
ЗАБЕЛЕШКА:
•  DMS (дигитален медиски сервер) овозможува да споделувате фајлови
со содржини од вашиот телефон со други уреди поврзани на истата
мрежа. Со помош на функцијата DMC (дигитален медиски контролер)
можете да ги прегледувате и контролирате (репродукција/запирање)
фајловите со содржини на други дигитални уреди. Исто така, на вашиот
телефон можете да репродуцирате фајлови со содржини зачувани на
други уреди со помош на DMP (дигитален медиски плеер).
•  Можете да репродуцирате единствено фајлови со содржини во формати
кои се поддржани од DMR. Во зависност од DMR, можно е да не се
репродуцираат некои фајлови со содржини.
•  Функцијата за вчитување или превземање можно е да не биде поддржана
во зависност од DMS.
Поврзување со PC со помош на USB кабел
Дознајте како да го поврзете својот уред со компјутер преку USB кабел
во режим на USB поврзување. Преку поврзување на вашиот уред со
PC, вие ќе можете директно да префрлувате податоци од и кон вашиот
уред и да ја користите PC софтверската програма (LG PC Suite).
Синхронизирање на телефонот со вашиот компјутер
За синхронизирање на вашиот телефон со вашиот PC преку USB кабел,
потребно е да инсталирате PC софтвер (LG PC Suite) на вашиот PC.
Програмот превземете го од од веб-сајтот на LG (www.lg.com).
1  
Употребете го USB податочниот кабел за поврзување на телефонот
со вашиот PC. Ќе се прикаже листата на USB тип на поврзување;
потоа изберете LG софтвер.
2  
Активирајте ја програмата LG PC Suite на вашиот PC. За повеќе
информации погледнете во делот за помош на PC софтверот (LG PC
Suite).