LG E610 ユーザーガイド

ページ / 588
67
Користење на напредните поставки
Во визирот, допрете   за да ги отворите напредните опции.
Поставките за фотоапаратот можете да ги промените со движење низ
листата. По изборот на опцијата, допрете го копчето Назад.
Допрете доколку сакате да го промените менито на визирот.
Зголемување или намалување на приказот.
Автоматски: Овозможува автоматско фокусирање на
фотоапаратот. (Фотоапаратот ќе врши континуирано
фокусирање на објектите во фотографијата).
Следење на лице: Фотоапаратот автоматски ги открива и
врши фокусирање на човечките лица.
Изберете резолуција на сликата. Ако изберете висока
резолуција, големината на фајлот ќе се зголеми, што
значи дека во меморијата ќе можете да зачувате помалку
фотографии.
Наоѓа поставки за боја и светлина кои одговараат на
моменталната околина.
ISO вредноста ја определува чувствителноста на светлинскиот
сензор на фотоапаратот. Колку е повисока ISO вредноста,
толку почувствителен ќе биде фотоапаратот. Ова е корисно за
темни сцени кога не може да се користи блиц.
Го подобрува квалитетот на бојата при различни услови на
осветлување.
Применува уметнички ефекти врз сликите.