LG E610 ユーザーガイド

ページ / 588
100
Инсталирај од зачувана меморија – Изберете за инсталирање
шифрирани сертификати.
Избриши препораки – Отстранување на сите сертификати.
< Јазик & влез >
Користете ги поставките за Јазик & влез за да го изберете јазикот за
текстовите на вашиот телефон и за конфигурирање на тастатурата на
екран, вклучувајќи ги и зборовите кои ги имате додадено во речникот.
< Создај резервна копија и ресетирај >
Променете ги поставките за управување со вашите поставки и
податоци.
Арх. на мои податоци – Поставување на архивирање на вашите
поставки и апликативни податоци на Google сервер.
Резервна сметка – Поставување на архивирање на вашата сметка.
Автоматско враќање – Поставување на враќање на вашите поставки
и апликативни податоци кога ги преинсталирате апликациите на
вашиот уред.
Ресетирање и поставување на фабрички податоци – Ресетирање
на поставките на зададените фабрички вредности и бришење на сите
ваши податоци. Ако го ресетирате телефонот на овој начин, од вас ќе
биде побарано повторно да ги внесете истите информации како и при
првото активирање на Android.
СИСТЕМ
< Датум и време >
Користете ги поставките за Датум и време за да го поставите
начинот на кој се прикажуваат датумите. Овие поставки можете да ги
употребите и за поставување на сопствено време и временска зона,
наместо да го добивате тековното време од мобилната мрежа.
Поставки