LG H955 オーナーマニュアル

ページ / 594
47
Поставување на Google сметка
Поставување на Google сметка
Кога за првпат ќе го вклучите телефонот, ќе имате можност да се
најавите на вашата Google сметка и да изберете како сакате да
користите одредени Google услуги.
Поставување на вашата Google сметка 
За време на иницијалното подигнување на вашиот уред, проверете
дали вашиот уред е поврзан на мрежа. Потоа, најавете се на Google
сметка кога ќе се побара тоа од вас при поставувањето.
   ИЛИ
Откако ќе го активирате Волшебникот при вклучување, допрете
>   > картичката Апликации (доколку е потребно) >   >
Сметки и синхронизација > Додади сметка > Google.
Ако веќе имате Google сметка, внесете ја вашата e-mail адреса и
допрете СЛЕДНО.
Откако ќе ја поставите Google сметката на вашиот телефон, телефонот
автоматски ќе се синхронизира со вашата Google сметка на интернет
(доколку е достапна податочна врска).
Во зависност од вашите поставки за синхронизација, вашите контакти,
Gmail пораки, настани во календарот и останатите информации од
овие апликации и услуги на интернет ќе се синхронизираат со вашиот
телефон.
По најавувањето, ќе можете да употребувате Gmail™ и да ги користите
предностите на Google услугите на вашиот телефон.