LG G4 s ユーザーガイド

ページ / 534
97
Ажурирање на софтверот на телефонот
Ажурирање на софтвер за LG мобилни телефони преку безжичен пренос 
(OTA)
Оваа функција ви овозможува практично да го ажурирате софтверот 
на телефонот со понова верзија преку безжична мрежа (OTA), без 
поврзување со USB податочен кабел. Оваа функција ќе биде достапна 
единствено ако и кога LG ќе понуди нова достапна верзија на firmware 
за вашиот уред.
Прво треба да ја проверите верзијата на софтверот на мобилниот 
телефон: Поставки > картичката Општо > За телефонот > Центар 
за ажурирање > Ажурирање на софтвер > Проверете сега за 
ажурирање.
ЗАБЕЛЕШКА 
Вашите лични податоци од внатрешната меморија на телефонот— 
вклучувајќи ги и информациите за вашата Google сметка и сите други 
сметки, вашите системски/апликациски податоци и поставки, како 
и сите преземени апликации и вашата DRM лиценца — може да се 
изгубат при процесот на ажурирање на софтверот на телефонот. Заради 
ова, LG препорачува да направите резервна копија на вашите лични 
податоци пред ажурирањето на софтверот на телефонот. LG не презема 
одговорност за каква било загуба на лични податоци.
Оваа функција зависи од вашиот мрежен оператор, регионот и земјата.