LG K10-LGK420N ユーザーズマニュアル
Поставки
69
3
На статусната лента се прикажуваат икони кои го означуваат
Wi-Fi статусот.
ЗАБЕЛЕШКА
•
Ако сте надвор од Wi-Fi зоната или го имате исклучено Wi-Fi, уредот
може автоматски да се поврзе на интернет со помош на податочна
врска, што може да ви биде наплатено.
Wi-Fi Direct
Wi-Fi Direct овозможува директно поврзување помеѓу Wi-Fi уредите
без пристапна точка.
•
Допрете > Напредно Wi-Fi > Wi-Fi Direct.
ЗАБЕЛЕШКА
•
Кога се наоѓате во ова мени, вашиот уред се гледа на другите видливи
Wi-Fi Direct уреди во близина.
Bluetooth
Bluetooth е технологија за комуникација на кратко растојание која
ви овозможува безжично да се поврзете до повеќе Bluetooth уреди,
како слушалки или hands-free комплети за автомобил и рачни
конзоли со активиран Bluetooth, компјутери, печатачи и безжични
уреди.
ЗАБЕЛЕШКА
•
LG не презема одговорност за загубата, попречувањето или
неправилното користење на податоците кои се испратени или примени
преку функцијата Bluetooth.
•
Секогаш осигурете се дека податоците ги споделувате и примате од
уреди кои се доверливи и соодветно заштитени.
•
Доколку постојат пречки помеѓу уредите, работното растојание може
да се намали.
•
Некои уреди, особено оние кои не се тестирани или одобрени од
Bluetooth SIG, може да не бидат компатибилни со вашиот уред.