LG F70 - LG D315 ユーザーズマニュアル

ページ / 606
30
ЗАБЕЛЕШКА: При вклучување на екранот, обрнете внимание да не го 
покривате сензорот за оддалеченост. Доколку го покриете сензорот, 
екранот ќе се исклучи веднаш по вклучувањето со цел да се спречи 
негово неправилно вклучување во вашиот џеб или торба.
Префрлување помеѓу апликации и нивно 
затворање
Извршувањето повеќе задачи со Android е едноставно бидејќи отворените 
апликации се извршуваат дури и кога ќе отворите друга апликација. Нема 
потреба да затворите одредена апликација пред да отворите друга. Користете 
повеќе отворени апликации и префрлувајте се помеѓу нив. Android управува 
со сите апликации, запирајќи и активирајќи ги според потребите, за да 
се спречи непотребно трошење на ресурсите од страна на неактивните 
апликации. 
Префрлување помеѓу апликации 
Допрете го и држете го Мени копчето 
. Ќе се прикаже листа на 
неодамна користените апликации. Потоа допрете ја апликацијата до која 
сакате да пристапите. 
За да отстраните некоја апликација од листата, повлечете го прегледот на 
апликации на лево или на десно. 
За да прекинете/излезете од апликација 
На почетниот екран допрете го Мени копчето 
 и допрете на 
Системски поставки > картичката Општо > Апликации
Кликнете на едно од јазичиња на врвот на екранот, изберете ја саканата 
апликација и допрете Присилно запри (или Стоп) за да се прекине 
апликацијата.