LG F70 - LG D315 ユーザーズマニュアル

ページ / 606
60
Копирај – Допрете за копирање на избраната фотографија и зчувување во 
друг албум.
Копирај во Фиока – Допрете за копирање и зачувување на фотографијата во 
Фиоката.
Преименувај – Допрете за да го уредите името на избраната фотографија.
Ротирај налево/надесно – Допрете за да ја ротирате сликата на лево или 
десно.
Отсекување – Допрете за да ја пресечете фотографијата.
Уреди – Допрете за да ја измените фотографијата.
Слајдшоу – Прикажува автоматско прелистување на слики користејќи ги сите 
ваши фотографии.
Додај локација – Додадете информација за локацијата на вашата слика.
Детали – Прикажува информации за фотографијата.
Прегледување на зачуваните фотографии
Во режимот за фотоапарат можете да им пристапите на зачуваните 
фотографии. Едноставно допрете го прегледот на сликата на дното на екранот 
и ќе се прикаже вашата галерија.
За да погледнете повеќе фотографии, придвижете се налево или надесно.
За зголемување или намалување на зумот, допрете двапати на екранот 
или ставете два прста на него и раширете ги (за намалување доближете ги 
прстите).