LG F70 - LG D315 ユーザーズマニュアル

ページ / 606
110
Пред да започнете со користење на уредот, ве молиме внимателно 
прочитајте го ова упатство. Така ќе бидете сигурни дека телефонот го 
користите безбедно и правилно.
Некои слики и снимки на екранот од ова упатство може да изгледаат 
различно на вашиот телефон.
Вашата содржина може да се разликува од конечниот производ или од 
софтверот кој го испорачуваат обезбедувачите на услуги или операторите. 
Овие содржини подлежат на промени без претходно известување. 
Најновата верзија од ова упатство можете да ја превземете од веб-сајтот на 
LG преку www.lg.com.
Апликациите на вашиот телефон и нивните функции може да се рзликуваат 
во зависност од земјата, регионот или хардверските спецификации. 
Компанијата LG нема да биде одговорна за какви било проблеми со 
функционирањето кои произлегуваат од користењето апликации кои не ги 
развила компанијата LG.
Компанијата LG нема да биде одговорна за какви било проблеми 
со функционирањето или некомпатибилности кои се последица на 
уредувањето на поставките на регистарот или менувањето на оперативниот 
систем. Секој обид за прилагодување на оперативниот систем може да 
предизвика уредот или неговите апликации да не работат правилно.
Софтверот, звучните записи, заднините, сликите и другите медиски 
содржини испорачани со уредот се понудени со лиценца за ограничена 
употреба. Ако ги издвоите и користите овие материјали за комерцијални 
или други цели, можно е да вршите прекршување на законите за заштита на 
авторските права. Како корисник, вие сте потполно и целосно одговорни за 
нелегална употреба на медиумите.
Околу упатството за користење