Zanussi ZDV14002FA ユーザーズマニュアル

ページ / 76
Стартување програма
1. Држете ја вратата подотворена.
2. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите апаратот. Проверете
дали апаратот е во режимот за бирање на програма.
3. Притиснете го копчето поврзано со програмата што сакате да ја стартувате. Се пали
соодветното програмско светло.
4. Затворете ја вратата на апаратот за да ја стартувате програмата.
Опција одложување
1. Поставете ја програмата.
2. Притиснете го копчето за Oдложен почеток за да го одложите почетокот на програмата за 3
часа. Се пали показателот за одложен почеток.
3. Затворете ја вратата на апаратот за да го стартувате одбројувањето.
Кога ќе заврши одбројувањето, почнува програмата.
Отворање на вратата додека апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека програмата работи, апаратот престанува да работи. Кога ќе ја
затворите вратата, апаратот продолжува од точката на прекинот.
Ако вратата е отворена подолго од 30 секунди за време на фазата на сушење,
програмата што е пуштена ќе заврши. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување AUTO OFF за да го исклучите апаратот.
Крај на програмата
54