Zanussi ZRG10800WA ユーザーズマニュアル

ページ / 256
26
MK
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Монтажа
   
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! 
Апаратот мора да го монтира само 
квалификувано лице.
• 
Извадете ја целата амбалажа.
• 
Немојте да монтирате ниту да користите 
оштетен апарат.
• 
Придржувајте се до упатството за монтажа 
приложено со апаратот.
• 
Секогаш внимавајте кога го преместувате 
апаратот затоа што е тежок. Секогаш 
носете заштитни ракавици.
• 
Овозможете кружење на воздух околу 
апаратот.
• 
Почекајте барем 4 часа пред да го поврзете 
апаратот со струја. Ова овозможува 
маслото да истече назад во компресорот.
• 
Не го монтирајте апаратот во близина на 
радијатори или шпорети, печка или плотни.
• 
Задната површина на апаратот мора да се 
стави кон ѕидот.
• 
Не го монтирајте апаратот на места 
кадешто има директна сончева светлина.
• 
Не го монтирајте апаратот на места што се 
премногу влажни или премногу ладни, како 
што се доградби на куќи, гаражи или вински 
подруми.
• 
Кога го преместувате апаратот, кренете 
го за предниот раб за да не го изгребете 
подот.
Поврзување на струјата
   
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! 
Ризик од пожар и струен удар.
• 
Апаратот мора да биде заземјен.
• 
Секое поврзување со струја треба да биде 
направено од квалификуван електричар.
• 
Проверете дали информацијата за 
напојување со струја на плочката со 
спецификации се совпаѓа со напојувањето 
со струја. Доколку не се совпаѓа, 
контактирајте со електричар.
• 
Секогаш користете правилно монтиран 
штекер отпорен на струјни удари.
• 
Не користете адаптери со повеќе 
приклучоци и продолжени кабли.
• 
Внимавајте да не ги оштетите електричните 
компоненти (на пр. приклучокот за струја, 
кабелот, компресорот). Контактирајте со 
сервисниот центар или со електричар за да 
ги смени електричните компоненти.
• 
Кабелот за струја мора да стои под нивото 
на приклучокот.
• 
Поврзете го приклучокот за струја 
со штекерот на крајот од монтажата. 
Проверете дали приклучокот за струја е 
пристапен по монтирањето.
• 
Не повлекувајте го кабелот за струја 
за да го исклучите апаратот. Секогаш 
повлекувајте го приклучокот.
Користење
   
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! 
Постои опасност од повреда, 
изгореници, струен удар или пожар.
• 
Не менувајте ги спецификациите на овој 
апарат.
• 
Не ставајте електрични апарати (на пр. 
уред за правење сладолед) во апаратот 
освен ако тоа не е наведено од страна на 
производителот.
• 
Внимавајте да не ги оштетите водовите 
за ладење. Содржи изобутан (R600a), 
природен гас со високо ниво на 
компатибилност со околината. Овој гас е 
запалив.
• 
Ако дојде до оштетување на водовите 
за ладење, проверете дали постојат 
пламен и извори на оган во просторијата. 
Проветрувајте ја просторијата.
• 
Не дозволувајте жешките делови да ги 
допрат пластичните делови на апаратот.
• 
Не ставајте газирани пијалоци во 
преградата за замрзнување. Ова ќе 
создаде притисок во садот со пијалак.
• 
Не чувајте запалив гас или течност во 
апаратот.
• 
Не ставајте запаливи производи или 
предмети натопени со запаливи средства 
во, блиску до, или на апаратот.
• 
Не допирајте го компресорот или 
кондензаторот. Тие се жешки.
• 
Не вадете ги и не допирајте ги предметите 
од преградата за замрзнување ако вашите 
раце се водени или влажни.
• 
Не замрзнувајте ја храната којашто била 
одмрзната.
• 
Следете ги инструкциите за чување 
на замрзната храна што се наоѓаат на 
пакувањето.
Внатрешно светло
• 
Типот светилка што се користи за овој уред 
не е соодветен за осветлување на собите 
во домот.