LG G3 D855 oro 사용자 가이드

다운로드
페이지 673
44
Отворање на панелот за известувања
Повлечете надолу од статусната лента за да се отвори панелот за 
известувања. 
Област за брзи копчиња-преклопници
Допрете на секое копче-преклопник за негово 
вклучување/исклучување. Допрете и задржете 
на копче за да пристапите до менито со 
поставки за функцијата. За да погледнете повеќе 
копчиња-преклопници, повлечете налево или 
надесно. Допрете   за отстранување, додавање 
или преуредување на копчињата-преклопници.
Известувања
Се прикажува листа со тековните известувања, 
секое со краток опис. Допрете известување за 
да го погледнете. 
За да го затворите панелот за известувања, 
допрете и повлечете ја картичката кон врвот на 
екранот.  
Икони-индикатори на статусната лента
Иконите-индикатори се прикажуваат на статусната лента на врвот на 
екранот како известувања за нови пораки, настани од календарот, статусот 
на уредот и друго. 
Иконите прикажани на врвот на екранот ве информираат за статусот на 
уредот. Во табелата подолу, прикажани се некои од најчестите икони.
Вашиот почетен екран