Zanussi ZBB28465SA Manual Do Utilizador

Página de 36
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнување во
средината на каналот во преградата на
фрижидерот за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
ОДМРЗНУВАЊЕ НА ЗАМРЗНУВАЧОТ
ВНИМАНИЕ! Никогаш не
користете метални алатки за да го
стругате мразот од испарувачот,
бидејќи може да го оштетите. Не
користете механички уреди или
какви било други вештачки
средства за забрзување на
процесот на одмрзнување, освен
оние што се препорачани од
производителот. Зголемувањето
на температурата на смрзнатата
храна за време на одмрзнувањето
може да го скрати нејзиниот век на
чување.
Околу 12 часа пред
одмрзнувањето, подесете пониска
температура, за да се насоберат
доволни резерви студ за прекинот
на работата.
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
одредена количина мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 mm.
1. Исклучете го апаратот и извлечете го
приклучникот од ѕидниот штекер.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете ја на
студено место. 
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не
допирајте ги смрзнатите
работи со мокри раце. Рацете
може да се залепат за
смрзнатото.
3. Оставете ја вратата отворена.
За да се забрза одмрзнувањето, ставете
сад со топла вода во комората за
замрзнување. Освен тоа, отстранете ги
парчињата мраз што се откачуваат пред
да заврши одмрзнувањето.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето,
избришете ја внатрешноста темелно и
чувајте ја гребалката за идна употреба.
5. Вклучете го апаратот.
После 3 часа вратете ја храната што
претходно ја извадивте во комората за
замрзнување.
ПЕРИОДИ НА НЕРАБОТЕЊЕ
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве мерки за заштита:
1. Откачете го апаратот од електричната
мрежа.
2. Извадете ја сета храна.
3. Одмрзнете ги (ако е потребно) и исчистете
го апаратот и сите додатоци.
4. Исчистете ги апаратот и сите додатоци.
5. Оставете ја вратата/вратите отворени за
да спречите непријатни миризби.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако
фрижидерот треба да остане
вклучен, замолете некого да го
проверува повремено за да не се
случи храната да се расипе во
случај на снемување струја.
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Видете во
поглавјата за заштита и сигурност.
20