Zanussi ZWF71243W Manual Do Utilizador

Página de 56
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
ПОВРЗУВАЊЕ СО ВОДА
• Потрудете се да не ги оштетите цревата за
вода.
• Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или цевки што не биле користени
подолго време, оставете водата да тече
додека не започне да тече чиста вода.
• Кога за прв пат го користите апаратот,
проверете дали од некаде протекува.
УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреди, струен удар, пожар,
изгореници или оштетување на
апаратот.
• Користете го апаратот само во домашни
услови.
• Следете ги безбедносните упатства
дадени на пакувањето на детергентот.
• Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
• Погрижете се да ги тргнете сите метални
предмети од алиштата за перење.
• Не ставајте сад под апаратот за собирање
вода во случај на протекување.
Контактирајте со Овластениот сервисен
центар за да проверите кои додатоци
можат да се користат.
• Не допирајте го стаклото на вратата
додека програмата е во функција. Стаклото
може да биде жешко.
СЕРВИСИРАЊЕ
• За да го поправите апаратот контактирајте
го Овластениот сервисен центар.
• Користете само оригинални резервни
делови.
РАСХОДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од
повреда или задушување.
• Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
• Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
• Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
ПРЕГЛЕД НА АПАРАТОТ
1
2
3
5
6
4
1
Работна површина
2
Дозер за детергент
3
Контролна табла
4
Рачка на вратата
5
Плочка со спецификации
6
Ногалки за нивелирање на апаратот
39