Zanussi ZBB28465SA Manual Do Utilizador

Página de 36
Не користете електрични апарати внатре во преградите
на апаратот за чување на храна, освен ако не е вид
којшто е препорачан од страна на производителот.
Не користете воден спреј и пареа за чистење на
апаратот.
Чистете го апаратот со мека, влажна крпа. Користете
само неутрални детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунгери за чистење, растворувачи
или метални предмети.
Не чувате во овој апарат експолозивни материи, како на
пример конзерви со аеросол и со запалив гас.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој треба да
биде заменет од страна на производителот, негов
Овластен сервисен центар или слично квалификувани
лица за да се избегне опасност.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Апаратот
мора да го монтира само
квалификувано лице.
• Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
• Секогаш внимавајте кога го пренесувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
користете сигурносни ракавици и
приложените обувки.
• Овозможете кружење на воздух околу
апаратот.
• Почекајте барем 4 часа пред да го
поврзете апаратот со струја. Ова
овозможува маслото да истече назад во
компресорот.
• Не монтирајте го апаратот во близина на
радијатори или шпорети, рерна или
површини за готвење.
• Задната површина на апаратот мора да се
постави кон ѕидот.
• Не монтирајте го апаратот на места
кадешто има директна сончева светлина.
• Не монтирајте го апаратот во места кои се
многу влажни или многу студени, како на
пример во помошни простории на
градилиште, гаражи или винарски визби.
• Кога го преместувате апаратот, кренете го
предниот дел за да спречите гребење на
подот.
ПОВРЗУВАЊЕ СО СТРУЈА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од
пожар и струен удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со напојувањето
со струја. Доколку не се совпаѓа,
контактирајте со електричар.
• Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Внимавајте да не ги оштетите
електричните компоненти (на пр.
приклучокот за струја, кабелот,
компресорот). Контактирајте со
Овластениот сервисен центар или со
електричар за да ги смени електричните
компоненти.
• Кабелот за струја мора да стои под нивото
на приклучокот.
14