Zanussi ZBB28465SA Manual Do Utilizador

Página de 36
отстрани карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно избришете ги.
ВНИМАНИЕ! Не користете
детергенти или абразивни
прашоци бидејќи можат да ја
оштетат политурата.
МЕСТЕЊЕ НА ПОЛИЦИ НА ВРАТАТА
За да се овозможи чување на пакети храна во
разни големини, полиците на вратата може да
се поставуваат на различни височини.
1. Влечете ја полицата во насока на
стрелките сѐ додека не ја извадите.
2. Поместете ја како што е потребно.
2
1
3
ПОДВИЖНИ ПОЛИЦИ
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи така што полиците може да се
наместат по желба.
Не поместувајте ја стаклената
полица над фиоката за зеленчук
за да не го пореметите струењето
на воздухот.
ВОЗДУШНО ЛАДЕЊЕ
Вклучете го вентилаторот кога
околната температура надминува
25°C.
Вентилаторот за динамично воздушно ладење
(DAC) овозможува брзо ладење на храната и
порамномерна температура во преградата.
Притиснете го прекинувачот (А) за да го
вклучите вентилаторот.
A
Се пали зеленото светло.
ЗАМРЗНУВАЊЕ НА СВЕЖА ХРАНА
Преградата за замрзнување е погодна за
замрзнување свежа храна и за долгорочно
чување замрзната и длабоко замрзната храна.
За да замрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата QuickFreeze и ставете ја храната
во замрзнувачот.
За да замрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата QuickFreeze најмалку 24 часа пред
да ја ставите храната во замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна којашто треба да се
смрзне средната преграда.
Максималната количина на храна што може
да се замрзне за 24 часа е наведена на 
плочката со спецификации, етикета што се
наоѓа во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот на овој
период не требa да додавате друга храна за
замрзнување.
Кога ќе заврши замрзнувањето, вратете на
потребната температура (видете во „Функција
QuickFreeze“).
Во оваа состојба, температурата
на преградата на фрижидерот
може да падне под 0°C. Ако се
случи тоа, поставете го
регулаторот на температурата на
поставка за повисока температура.
ЧУВАЊЕ НА ЗАМРЗНАТА ХРАНА
По првото вклучување или по извесен период
некористење, пред да ставите производи во
комората, оставете апаратот да работи барем
2 часа со вклучена функција QuickFreeze.
17