Руководство Пользователя для LG E610

Скачать
Страница из 588
80
Галерија
Можете да складирате мултимедијални фајлови на внатрешната
меморија за полесен пристап до сите ваши мултимедијални фајлови.
Со помош на оваа апликација можете да прикажувате мултимедијални
фајлови како слики и видео записи.
1  
Допрете   > картичката Апликации > Галерија.
Отворете ја листата со ленти за каталози во кои се сместени вашите
мултимедијални фајлови.
ЗАБЕЛЕШКА:
•  Одредени формати на фајлови не се поддржани во зависност од
софтверот кој е инсталиран на уредот.
•  Некои фајлови можно е да не се репродуцираат правилно, во зависност
од тоа како се кодирани.
Прегледување на слики
Активирајте ја функцијата Галерија за да се прикажат достапните
фолдери. Кога некоја друга апликација, како на пр. E-mail, ќе зачува
некоја слика, автоматски ќе се креира фолдер за превземање во кој ќе
биде сместена сликата. Исто така, ако направите снимка на екранот,
автоматски се креира фолдер Снимки на екран. Изберете фолдер за да
го отворите.
Во рамките на фолдерот, сликите се прикажани според датумот
на креирање. Изберете слика за да ја прикажете на целиот екран.
Придвижете се налево или надесно за да ја видите следната или
претходната слика.
Мултимедија