Руководство Пользователя для LG D320

Скачать
Страница из 496
57
Функција
Гостински режим
За да ја заштитите приватноста или да ограничите некои апликации за вашите деца, 
можете да го користите режимот на гостин.
Кога ќе го позајмите вашиот телефон на други лица, можете да ги ограничите апликациите 
кои ќе се прикажуваат.
Поставете го режимот на гостин однапред и прилагодете ги опциите.
ЗАБЕЛЕШКА: За користење на режимот на гостин, потребно е однапред да се постави 
облик за заклучување. 
1  
Притиснете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Општо > 
Гостински режим.
2  
Допрете го преклопникот за Режим на гостин 
 за да го овозможите овој режим.
Knock Code
Можете да го отклучите екранот кога екранот е исклучен со допирање на точната област 
и секвенца.
За активирање на функцијата Knock Code
1  
Притиснете 
 >   > картичката Апликации > Поставки > картичката Екран > 
Заклучен екран > Одберете заклучување на екран> Knock Code. 
2  
Ќе се прикаже екран кој ќе ве поведе низ постапката како да изберете секвенца за 
отклучување. Потребно е да креирате Резервен PIN како сигурносна мерка во случај да 
ја заборавите секвенцата за отклучување.