Руководство Пользователя для LG D320

Скачать
Страница из 496
79
Звук
Профил на звук – Изберете Звук, Само вибрација или Бесчујно.
Јачини на звук – Прилагодете ги поставките за јачина на звук на телефонот според вашите 
потреби и опкружувањето.
Тивок режим – Поставете Тивок режим.
  
Сега вклучете го тивкиот режим – Допрете го преклопникот за моментално 
префрлување помеѓу вклучено или исклучено.
   Поставете тивко време - Допрете го преклопникот за префрлување помеѓу Вклучено 
или Исклучено. Исто така, можете да поставите денови и времиња за автоматско 
вклучување на тивкиот режим.
 Вибрации 
– Штиклирајте за вибрации кога е вклучен тивок режим.
  Поставки за дојдовен повик
    Блокирај дојдовни повици 
 Штиклирајте за блокирање на сите влезни повици.
     Дозволи повторени повици  Штиклирајте за да дозволите повик кој се повторува 
во рамки на 3 минути.
     Список со дозволени контакти  Назначете од кои контакти ќе бидат дозволени 
повици.
   Автоматски одговори на блокирани повици  Поставете на кој начин сакате 
автоматски да се одговори на повиците за кој е исклучен звукот.
 Помош – Допрете за да погледнете информации за помош на тивок режим.
Тон за ѕвонење на телефон – Поставете тон за ѕвонење за повици. Исто така, тон за 
ѕвонење можете да додадете и преку допирање на
 
 во горниот десен агол на екранот.
Вибрирање при дојдовен повик – Поставување на опции за вибрации кај дојдовни 
повици.
Мелодија за ѕвонење со вибрации – Штиклирајте за да поставите вибрирање на 
телефонот заедно со тонот за ѕвонење при примање на повици.
Говорни известувања – Допрете го преклопникот Говорни известувања за 
префрлување помеѓу Вклучено или Исклучено. Опцијата Вклучено овозможува вашиот 
телефон автоматски да ве известува при влезни повици и пораки.
Звуци за известување – Ви овозможува поставување на звуци за известување. Исто така, 
можете да додадете звуци преку допирање на
 
 во горниот десен агол на екранот.
Повратен ефект од допир и систем – Ви овозможува поставување на повратна 
информација (тонови и/или вибрации) при користење на уредот.