Справочник Пользователя для LG D373EU

Скачать
Страница из 496
80
Општо
< Потези >
Вклучување/исклучување на екран
 – Штиклирајте за да овозможите вклучување 
и исклучување на екранот преку функцијата "Вклучи екран". Брзо допрете го двапати 
централниот дел на екранот за вклучување на екранот. Допрете двапати на статусната 
лента, на празен дел од почетниот екран или на Екранот за заклучување за да го исклучите 
екранот. За најдобри резултати, немојте да го преместувате телефонот додека ја користите 
функцијата "Вклучи екран".
Исклучи звук за влезни повици – Штиклирајте за да овозможите со превртување на 
телефонот да се исклучи звукот за влезни повици.
Одложи или исклучи аларм – Штиклирајте за да овозможите со едноставно превртување 
на уредот да се одложи или запре алармот.
Паузирај видео – Штиклирајте за да овозможите со едноставно превртување на уредот 
да се паузира видео записот кој се репродуцира во моментот.
Помош – Отворање на водич за помош околу користењето на функциите за Потези на 
уредот.
Калибрација на сензорот за движење – Ви овозможува да ја подобрите прецизноста на 
закосувањето и брзината на сензорот.
< Управување со една рака >
Тастатура за бирање
 – Штиклирајте за да овозможите преместување на тастатурата за 
бирање кон десната или левата страна на уредот. Едноставно допрете ја стрелката за 
извршите преместување кон едната или другата страна.
LG тастатура – Штиклирајте за да овозможите преместување на тастатурата кон десната 
или левата страна на уредот. Едноставно допрете ја стрелката за извршите преместување 
кон едната или другата страна.
Заклучен екран – Штиклирајте за да овозможите преместување на тастатурата на 
заклучен екран со PIN кон десната или левата страна на уредот. Едноставно допрете ја 
стрелката за извршите преместување кон едната или другата страна.
Помош – Приказ на информациите околу управувањето со една рака.
< Меморија >
ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА
 – Погледнете го користењето на внатрешната меморија.
Поставки