Справочник Пользователя для Samsung SC07M31D0HU

Скачать
Страница из 264
Македонски
4
П
ОДГОТОВКА
Важни безбедносни инструкции
При употреба на електричен апарат, придржувајте се кон основните мерки за 
претпазливост, во кои спаѓаат:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Оваа правосмукалка е дизајнирана само за употреба во домаќинствата.
Користете ја правосмукалката само за нејзината намена, како што е опишано во 
упатството.
Секогаш поставувајте ги филтрите во правилна положба, како што е прикажано 
во ова упатство.
Доколку не се придржувате до овие правила, можно е да предизвикате 
оштетување на внатрешните делови и да ја поништите гаранцијата.
Ве молиме обратете се кај производителот или сервисерот за замена на делот.
Општо
•  Внимателно прочитајте ги сите инструкции. Пред вклучувањето, проверете дали 
напонот на вашата електрична мрежа е ист како напонот назначен на плочката 
од долната страна на правосмукалката.
•  Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени 
физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени 
лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење 
на апаратот на безбеден начин и доколку ја разбираат опасноста која им се 
заканува. Децата не смеат да играат со уредот. Децата не смеат да го чистат 
уредот или да изведуваат корисничко одржување без надзор.
•  Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот. Не дозволувајте 
правосмукалката да остане вклучена без надзор.
 
VC3100_13ge_00753D-00_GE.indb   4
2016-12-28   오후 3:05:22