LG D160 业主指南

下载
页码 596
35
За активирање на функцијата Knock Code
Притиснете 
 
 > картичката Апликации > Поставки > 
Заклучен екран > Одберете заклучување на екран > Knock Code. 
Ќе се прикаже екран кој ќе ве поведе низ постапката како да изберете 
секвенца за отклучување. Потребно е да креирате Резервен PIN како 
сигурносна мерка во случај да ја заборавите секвенцата за отклучување.
СОВЕТ: Допрете двапати за да го вклучите екранот кога Knock Code не 
е во употреба.
Функција "Вклучи екран"
Можете да го вклучите/исклучите екранот преку едноставно допирање 
двапати.
За активирање на функцијата "Вклучи екран"
Притиснете 
 
 > картичката Апликации > Поставки > Гестови.
Штиклирајте Вклучен екран/Исклучено.
Брзо допрете го двапати централниот дел на екранот за отклучување на 
екранот. За да го заклучите екранот, допрете двапати на статусната лента на 
кој било екран (освен на визирот на фотоапаратот) или на празниот дел од 
почетниот екран. 
ЗАБЕЛЕШКА: При вклучување на екранот, обрнете внимание да не го 
покривате сензорот за оддалеченост. Доколку го покриете сензорот, 
екранот ќе се исклучи веднаш по вклучувањето со цел да се спречи 
негово неправилно вклучување во вашиот џеб или торба.