LG E610 用户指南

下载
页码 588
5
Ве молиме прочитајте ги овие едноставни инструкции. Нивното
непочитување може да биде опасно или противзаконско.
Доколку настане грешка, во вашиот уред е вградена софтверска
алатка која ќе запише дневник за евиденција на грешки.
Оваа алатка прибира само податоци кои се специфични за грешката,
како јачина на сигналот, позицијата на мобилниот уред со ID при
ненадеен прекин на повик и вчитаните апликации. Дневникот за
евиденција се користи само за да се одреди причината за грешката.
Овие дневници за евиденција се шифрирани и до нив може да
пристапи единствено овластен LG центар за поправки каде би требало
да го однесете вашиот уред за поправка.
Изложување на радиофреквентна енергија
Информации за изложување на радиобранови и специфична
апсорпциона стапка (SAR).
Овој мобилен телефон - модел LG-E610 е дизајниран за да ги
задоволува безбедносните барања за изложување на радиобранови.
Овие барања се базираат на научни упатства кои вклучуваат граници
на безбедност потребни да ја гарантираат сигурноста на сите луѓе,
независно од нивната возраст или здравствена состојба.
•  Во упатствата за изложување на радиобранови се користи мерна
единица позната како специфична апсорпциона стапка (SAR). Тестот
за SAR се спроведува со употребување на стандардни методи при
кои телефонот емитува на највисокото потврдено енергетско ниво
на сите користени фреквентни појаси.
•  Иако постојат разлики помеѓу нивото на SAR кај различни модели на
LG телефони, сите тие се дизајнирани да ги задоволат релевантните
мерки за изложување на радиобранови.
•  Границата на SAR препорачана од Маѓународната комисија за
Напатствија за безбедно и ефикасно користење