LG E610 用户指南

下载
页码 588
36
Прилагодување на почетниот екран
Можете да го прилагодите вашиот почетен екран со додавање на
елементи за брз пристап, како кратенки на апликација, widget-и или со
менување на сликата за заднина.
За да додадете кратенки кон апликациите или widget-ите на 
почетниот екран:
1  
Изберете локација (панелите на почетниот екран) за додавање на
елемент преку повлекување на почетниот екран одлево надесно
или обратно.
2  
Допрете и задржете на празен дел од почетниот екран.
3  
Допрете на типот на елементот кој сакате да го додадете на
екранот: Апликации, Превземања, Додатоци или Заднини.
4  
Допрете ја саканата сметка или widget.
5  
На почетниот екран ќе забележите нова икона. За да ја поставите
на друг панел, допрете и задржете ја за да ја повлечете на саканата
локација и подигнете го прстот од екранот.
СОВЕТ
! За да додадете однапред вчитана апликација или апликација
превземена од Play Store на почетниот екран, едноставно допрете и
задржете на саканата икона од екранот на апликации и повлечете ја кон
саканиот панел на почетниот екран.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако нема достапен простор на саканиот панел на почетниот
екран, ќе мора да избришете или отстраните елемент пред да можете да
додадете нов. Во ваков случај, можете да се префрлите на друг панел на
почетниот екран.
Вашиот почетен екран