LG E610 用户指南

下载
页码 588
45
Поврзување со мрежи и уреди
Wi-Fi
Со Wi-Fi, можете да добиете брз интернет пристап во рамките на
областа на покривање на безжичната пристапна точка (AP). Уживајте
во безжичниот интернет со користење на Wi-Fi, без дополнителни
трошоци.
Поврзување со Wi-Fi мрежи
За да користите Wi-Fi на телефонот, потребно е да пристапите до
безжични пристапни точки или ‘жешки точки’. Некои пристапни точки
се отворени и можете едноставно да се поврзете на нив. Други пак
се скриени или користат безбедносни функции, па ќе мора да го
конфигурирате телефонот за да се поврзе со нив.
Исклучете Wi-Fi кога не се користи, за да го зголемите траењето на
батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку сте надвор од Wi-Fi зоната или сте го поставиле Wi-
Fi на ИСКЛУЧЕНО, можно е пресметување на дополнителни трошоци од
страна на вашиот мобилен оператор заради користење на мобилен пренос
на податоци.
Вклучување на Wi-Fi и поврзување со Wi-Fi мрежа
1  
Допрете   > картичката Апликации > Поставки > Wi-Fi од
картичката БЕЗЖИЧЕН И МРЕЖИ.
2  
Поставете Wi-Fi на ВКЛУЧЕНО и започнете со скенирање на
достапните Wi-Fi мрежи.
3  
Повторно допрете го менито Wi-Fi за да погледнете листа на
активните и достапните Wi-Fi мрежи.
•  Безбедните мрежи се означени со икона за заклученост.
4  
Допрете мрежа за да се поврзете на неа.