LG E610 用户指南

下载
页码 588
64
E-mail
Можете да ја користите E-mail апликацијата за читање на e-mail
пораки од услугите како Gmail. E-mail апликацијата ги поддржува
следните типови на сметки: POP3, IMAP и Exchange.
Вашиот обезбедувач на услуги или системскиот администратор можат
да ви ги обезбедат потребните поставки за сметката.
Управување со e-mail сметка
Кога за првпат ќе ја отворите E-mail апликацијата, се отвора
волшебник кој ќе ви помогне да поставите e-mail сметка.
По почетното поставување, E-mail апликацијата ја прикажува
содржината на вашето влезно сандаче. Ако имате додадено повеќе од
една сметка, можете да се префрлувате меѓу сметките.
За да додадете уште една e-mail сметка:
•  Допрете   > картичката Апликации > E-mail > допрете 
>
Поставки > Додади сметка.
За да ги промените поставките на e-mail сметка:
•  Допрете   > картичката Апликации > E-mail > допрете 
>
Поставки.
За да избришете e-mail сметка:
•  Допрете   > картичката Апликации > E-mail > допрете 
> Поставки > допрете ја сметката која сакате да ја избришете >
Отстрани сметка > OK.