LG E610 用户指南

下载
页码 588
94
< Поставки за повици >
Конфигурирајте ги поставките за телефонски повици, како
проследување на повици и други специјални функции понудени од
вашиот оператор.
Броеви за фиксно бирање – Вклучете и составете листа броеви кои
можат да бидат повикани од вашиот телефон. Ќе ви биде потребен
PIN2 кодот, кој ќе го добиете од вашиот оператор. Од вашиот телефон
ќе можат да се бираат само броевите кои се вклучени во фиксната
листа за бирање.
Зачувај непознати броеви – Додавање на непознатите броеви во
контактите по повикот.
Говорна пошта – Ви овозможува да ја изберете услугата на говорна
пошта на вашиот оператор.
Отфрлање на повици – Ви овозможува да ја поставите функцијата за
отфрлање на повик. Изберете помеѓу Режим на одбиен повик или
Одбиј листа.
Одбиј со порака – Кога сакате да одбиете повик, можете да испратите
брза порака со помош на оваа функција. Ова е корисно доколку треба
да отфрлите повик за време на состанок.
Копче напојув. - заврши повик – Овозможува да изберете како да се
заврши повикот.
Проследување на повици – Изберете дали да се пренасочат сите
повици кога линијата е зафатена, кога нема одговор и кога не сте
достапни.
Забрана за повик – Заклучување на влезни, излезни или
меѓународни повици.
Траење на повикот – Погледнете го траењето на повиците
вклучувајќи ги Последен повик, Бирани повици, Примени повици
и Сите повици.
Поставки