LG E610 用户指南

下载
页码 588
99
ЛИЧНО
< Сметки и синхронизација >
На апликациите им дозволува да ги синхронизираат податоците
во заднина, без разлика дали вие активно работите со нив. Ако ја
отштиклирате оваа поставка ќе можете да ја заштедите батеријата и да
го намалите (но не и да го елиминирате) користењето на податоци.
< Локациски пристап >
Пристапи до моја локација – Ако ја означите услугата за локација
на Wi-Fi и мобилна мрежа, вашиот телефон ќе ја одреди вашата
приближна локација со користење на Wi-Fi и мобилни мрежи. Кога
ќе ја изберете оваа опција, ќе бидете запрашани дали се согласувате
Google да ја користи вашата локација при обезбедување на овие
услуги.
GPS сателити – Ако изберете GPS сателити, вашиот телефон ќе ја
одреди вашата локација со точност до ниво на улица.
Локација на Wi-Fi & мобилна мрежа – На апликациите им се
овозможува да ја одредат вашата приближна локација со користење
на податоци од извори како Wi-Fi и мобилни мрежи.
< Безбедност >
Поставување заклучување на SIM картичка – Поставете
заклучување на SIM картичка или извршете промена на SIM PIN.
Пишувањето лозинка е видливо – Приказ на последниот знак од
скриената лозинка додека го вршите внесот.
Администратори на уред – Преглед или деактивирање на
администраторите на телефонот.
Непознати извори – Зададената поставеност за инсталирање на
апликации кои не се од Play Store.
Доверливи акредитиви – Приказ на доверливи CA сертификати.