LG H320 用户指南

下载
页码 508
35
Специјални функции
Фотографирање со потег
Функцијата Фотографирање со потег ви овозможува да снимите слика
со потег на раката користејќи ја предната камера.
За да снимите фотографија
Постојат два метода за користење на функцијата Фотографирање со
потег.
Подигнете ја раката, со отворена дланка, сè додека предниот
фотоапарат не ја препознае и не се појави рамка на екранот.
Потоа, затворете ја раката во тупаница за да го активирате
тајмерот, што ви дава време да се подготвите.
Подигнете ја раката, во стисната тупаница, сè додека предниот
фотоапарат не ја препознае и не се појави рамка на екранот.
Потоа, отпуштете ја тупаницата за да го активирате тајмерот, што
ви дава време да се подготвите.
или
Вклучи екран
Функцијата "Вклучи екран" ви овозможува двојно да го допрете
екранот за негово лесно вклучување или исклучување.
Специјални функции