LG H320 用户指南

下载
页码 508
53
E-mail
Работа со фолдери на сметка
Допрете   >   >   >   > изберете Фолдери.
Секоја сметка има фолдери за Влезно сандаче, Излезно сандаче,
Пратени и Нацрт. Во зависност од функциите кои ги поддржува
обезбедувачот на услуги на вашата сметка, може да имате
дополнителни фолдери.
Составување и испраќање e-mail пораки
1  
Во апликацијата  , допрете
за да креирате нова e-mail порака.
2  
Внесете адреса на примателот на пораката. Додека внесувате текст,
се прикажуваат понудените адреси кои се совпаѓаат од вашите
контакти. Ако има повеќе адреси, разделете ги со точка-запирка.
3  
Допрете го полето Cc/Bcc за копирање или слепо копирање кон
други контакти/e-mail адреси.
4  
Допрете го полето за текст и внесете ја пораката.
5  
Допрете
за да прикачите фајл кој сакате да го испратите со
пораката.
6  
Допрете
за да ја испратите пораката.