LG H320 用户指南

下载
页码 508
27
Вашиот почетен екран
Совети за екранот на допир
Еве неколку совети како да се движите низ содржините на вашиот
телефон.
Допир – Со едно допирање со прст се избираат елементи,
линкови, кратенки и букви на тастатурата на екранот.
Допир и задржување – Допрете и задржете елемент на екранот
преку допирање и неподигнување на прстот додека не се случи
одредено дејство.
Повлекување со задржување – Допрете и задржете на елемент
за момент и потоа, без подигнување на прстот, придвижете го
по екранот додека не ја достигнете целната позиција. Можете да
повлекувате елементи на почетниот екран за да ги преместите.
Повлечи или лизгај – За да повлечете или лизгате, брзо движете
го вашиот прст по површината на екранот, без паузирање кога прв
пат ќе го допрете (така што не влечете икона наместо тоа).
Двоен допир – Допрете двапати за зумирање на веб-страница или
мапа.
Стисни-за-зум  – Употребете ги палецот и показалецот во
движење со стискање или ширење за да зумирате или одзумирате
при користење на пребарувачот, мапите или кога прегледувате
слики.
Завртување на екранот – Кај многу апликации и менија,
ориентацијата на екранот се прилагодува на физичката
ориентација на уредот.
Вашиот почетен екран