LG H320 用户指南

下载
页码 508
58
Фотоапарат и видео записи
Галерија
Апликацијата Галерија ви ги претставува сликите и видео записите
во вашата меморија, вклучувајќи ги и оние кои сте ги снимиле со
апликацијата Фотоапарат и оние кои сте ги презеле од интернет или
од други локации.
1  
Допрете   >   >
за да ги видите сликите зачувани во
меморијата.
2  
Допрете на албум за да го отворите и да ја погледнете неговата
содржина. (Сликите и видео записите во албумот се прикажани по
хронолошки редослед.)
3  
Допрете на слика во албумот за да ја погледнете.
ЗАБЕЛЕШКА:
•  Во зависност од инсталираниот софтвер, одредени формати на фајлови
може да не бидат подржани.
•  Одредени фајлови може да не се репродуцираат правилно поради
нивното кодирање.
Прегледување на слики
Галеријата ги прикажува вашите слики во фолдери. Кога некоја
апликација, како на пр. E-mail, ќе зачува некоја слика, автоматски ќе
се креира фолдер за преземање во кој ќе биде сместена сликата. Исто
така, ако направите снимка на екранот, автоматски се креира фолдер
Снимки на екран.
Сликите се прикажани според датумот на креирање. Изберете слика
за да ја прикажете на целиот екран. Придвижете се налево или
надесно за да ја видите следната или претходната слика.
Зголемување и намалување на зумот
Употребете еден од следните начини за зголемување или намалување
на зумот кај слики: