LG H340N 用户指南

下载
页码 516
23
Запознавање со вашиот телефон
4  
За да го замените капачето на уредот, порамнете го задното капаче
врз одделот за батеријата   и притиснете го надолу додека не
легне на своето место  .
Полнење на батеријата
Наполнете ја батеријата при користењето на телефонот за првпат.
Употребете го полначот за да ја наполните батеријата. За полнење
на батеријата можете да користите и компјутер доколку го поврзете
телефонот на него со USB кабел.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Употребувајте само полначи, батерии и кабли кои се одобрени од LG.
Доколку користите неодобрени полначи, батерии или кабли, тоа може
да предизвика забавено полнење на батеријата. Или пак, ова може да
предизвика експлозија на батеријата или оштетување на уредот, што не е
опфатено со гаранцијата.
Приклучокот за полначот се наоѓа на долната страна од телефонот.
Вметнете го полначот и потоа поврзете го во штекер.