LG H420 Betriebsanweisung

Seite von 526
84
Поставки
Пристапност
Користете ги поставките за Пристапност за конфигурирање на 
додатоците за олеснување на пристапот кои ги имате инсталирано на 
телефонот.
TalkBack – Ви овозможува да поставите Тalkback функција која им 
помага на лицата со оштетен вид преку обезбедување на вербални 
повратни информации.
Големина на фонт – Поставување на големината на фонтот. 
Обратни бои – Штиклирајте за да ги смените боите на екранот и 
содржината.
Допрете зум – Ви овозможува да зумирате и одзумирате со тројно 
потчукнување на екранот. 
Гласовни известувања за порака/повик – Допрете го преклопникот 
за Известување за порака/говорен повик за префрлување помеѓу 
Вклучено или Исклучено. Кога е вклучена оваа функција, ви 
овозможува да слушате автоматски говорни предупредувања за 
влезни повици и пораки. 
Сенки на екранот – Штиклирајте за да го поставите екранот на 
потемен контраст.
Кратенка за пристап – Ви овозможува брзо да ја отворите функцијата 
Достапност на кој било екран. 
Излез за текст-за-говор – Допрете за да ги прилагодите поставките 
за текст-во-говор (TTS). 
Тип на аудио – Го поставува типот на аудио. 
Звучна рамнотежа – Го поставува аудио патот. Поместувајте го 
лизгачот на лентата за лизгање за да го поставите.
Флеш-предупредувања – Штиклирајте за да поставите трепкање за 
влезните повици и известувањата.