LG D405N Betriebsanweisung

Seite von 516
15
4. Користење на облик за отклучување
Поставете облик за отклучување за поголема безбедност на телефонот. Притиснете 
 > 
 > картичката Апликации > Поставки > картичката Екран > Заклучен екран 
Одберете заклучување на екран > Облик. Ќе се прикаже екран кој ќе ве поведе низ 
постапката како да исцртате облик за отклучување на екранот. Потребно е да креирате 
Резервен PIN како сигурносна мерка во случај да го заборавите обликот за отклучување.
Внимание: Пред да поставите облик за отклучување, првин креирајте Google сметка и 
запомнете го Резервниот PIN кој сте го креирале при креирањето на вашиот облик за 
заклучување.
 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Мерки на претпазливост при користење на облик за заклучување.
Многу е важно да го запомните обликот за отклучување кој ќе го поставите. Нема да 
можете да пристапите до телефонот доколку 5 пати употребите неправилен облик. 
Имате 5 можности за да ги внесете вашиот облик за отклучување, PIN или лозинка. Ако 
ги искористите сите 5 можности, можете повторно да се обидете по 30 секунди.
Во случај кога не можете да се сетите на вашиот облик за отклучување, PIN или 
лозинка:
< Ако сте го заборавиле вашиот облик >
Ако се имате најавено на вашата Google сметка на телефонот, но неуспешно сте го внеле 
правилниот облик 5 пати, допрете го копчето "Го заборавивте обликот?" на дното од 
екранот. Потоа, потребно е да се најавите на вашата Google сметка или да го внесете 
Резервниот PIN кој сте го внеле при креирањето на вашиот облик за заклучување.
Ако немате креирано Google сметка на телефонот или сте го заборавиле Резервниот PIN, 
потребно е да извршите хардверско ресетирање.
< Ако го заборавите вашиот PIN код или лозинката > 
Ако го заборавите PIN кодот или лозинката, потребно е да извршите хардверско 
ресетирање.
Внимание: Ако извршите хардверско ресетирање, сите апликации и податоци на 
корисникот ќе бидат избришани.