LG LGV935 Betriebsanweisung

Seite von 509
64
Фотоапарат и видео записи
Live Zoom (Зумирање во живо)
Live Zoom (Зумирање во живо) ви овозможува да вршите зголемување 
или намалување на зумот на дел од видео запис кој се репродуцира, 
со цел саканата област да изгледа поголема или помала.
При прегледување на видео, користете приближување или 
раздвојување на палецот и показалецот за зголемување или 
намалување на зумот.
ЗАБЕЛЕШКА 
•  Не притиснувајте премногу силно; екранот на допир е доволно чувствителен да 
регистрира и лесно, но сепак одмерено допирање.
Двојна репродукција
Двојната репродукција поврзува два уреди со помош на кабел (Тенок 
приклучок-HDMI) или безжично (Miracast), овозможувајќи ви да ја 
гледате содржината на различен екран. Поврзаниот уред може да 
биде телевизор или монитор. Содржината што може да се гледа може 
да се наоѓа во апликациите Галерија и видео апликациите, но не сите 
видео записи се поддржани со Двојна репродукција.
ЗАБЕЛЕШКА 
•  Допрете го   еднаш кога на двата екрана има различен статус (на пр. на 
мониторот се репродуцира видео запис, а видео апликацијата на вашиот уред 
прикажува празен екран), и потоа ќе се активира Двојна репродукција.