LG V935 Betriebsanweisung

Seite von 509
52
Поврзување со мрежи и уреди
Функции на QPair
Известување за повик – Испраќа известување до таблетот кога 
уредот ќе прими повик. Известувањето го прикажува бројот на 
јавувачот и ви овозможува да се јавите или да го одбиете повикот. 
Исто така, можете да ги промените поставките за повици, како што се 
тон на ѕвонење, јачина на тон за ѕвонење, тон за ѕвонење со вибрации, 
или пак да испратите порака за одбивање кога ќе добиете повик.
ЗАБЕЛЕШКА 
•  Можете да примите повик само ако е поддржан од Bluetooth технологија. 
Јавувањето од таблет уредот со користење на функцијата QPair не е возможно.
Известувања за порака – Испраќа известување до таблетот 
кога уредот ќе прими порака. Исто така, можете да ги промените 
поставките за пораки, како што се известувања за пораки, преглед на 
пораки, звук на известувања и вибрации за известувањата.
SNS известување – Прикажува известувања од социјалните мрежи во 
статусната лента на вашиот таблет кога тие ќе стигнат на вашиот уред.
ЗАБЕЛЕШКА 
•  За овозможување на оваа функција, вклучете ја опцијата Известувања на QPair 
за социјална мрежа на телефонот (Поставки > Достапност > Известувања 
на QPair за социјална мрежа). Оваа опција ви овозможува да бидете известени 
за известувањата од социјалните мрежи на вашиот таблет.
QuickMemo+ пренос – Го зачувува тековното QuickMemo+ од 
Галеријата на таблетот во Галеријата на вашиот телефон.
Интернет преку телефон – Поврзувањето ќе се воспостави 
преку Интернет преку телефон (Wi-Fi пристапно место). Можно е 
пресметување на телефонски трошоци за пренос на податоци.