Zanussi ZGO65414BA Benutzerhandbuch

Seite von 48
Обезбедете добра вентилација во
собата каде е монтиран апаратот.
• Продолженото интензивно користење
на апаратот може да бара
дополнителна вентилација, на пример,
отворање прозорец или поефикасна
вентилација, односно зголемување на
јачината на механичката вентилација,
онаму каде што ја има.
• Овој апарат е наменет само за готвење.
Не смее да се користи за други намени,
на пример за загревање на простории.
• Не дозволувајте кисели течности, како
што е оцетот, лимоновиот сок или
средствата за отстранување бигор да
допрат до плочата за готвење. Тоа
може да ја оштети глазурата и сјајот.
Нега и чистење
• Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот
на површината.
• Исклучете го апаратот и оставете го да
се излади пред да го чистите.
• Исклучете го апаратот на напојувањето
со струја пред оддржувањето.
• Не користете воден спреј и пареа за
чистење на апаратот.
• Чистете го апаратот со мека, влажна
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
производи, абразивни сунѓери за
чистење, растворувачи или метални
предмети.
• Немојте да ги чистите пламениците во
машината за миење садови.
Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
• Контактирајте со општинската власт за
да добиете информации за правилно
расходување на апаратот.
• Исклучете го апаратот од приклучокот
за струја.
• Отсечете го кабелот за струја и фрлете
го.
• Отворете ги надворешните цевки за гас.
Сервисирање
• За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот сервисен
центар.
• Користете само оригинални резервни
делови.
Опис на производот
Распоред на површината за готвење
1
2
3
4
1
Брз пламеник
2
Помошен пламеник
3
Полубрз пламеник
4
Контролни копчиња
www.zanussi.com
21