Samsung MG23F301TAS Benutzerhandbuch

Seite von 288
35
МАКЕДОНСКИ
ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ИЛИ 
ИМАТЕ ПРОБЛЕМ
Ако се соочувате со некој од проблемите наведени подолу, испробајте ги понудените 
решенија.
Ова е нормално.
•  Кондензација во внатрешноста на печката.
•  Струење на воздух околу вратата и надворешноста.
•  Рефлексија на светлина околу вратата и надворешноста.
•  Излегување на пареа од вратата или вентилационите отвори.
Печката не се активира кога ќе го притиснете копчето ( ).
•  Дали вратата е целосно затворена?
Храната воопшто не е зготвена.
•  Дали правилно го поставивте тајмерот и/или го притиснавте копето ( )?
•  Дали вратата е затворена?
•  Дали сте го преоптовариле електричното коло и дошло до избивање на осигурувачот?
Храната е премногу или недоволно зготвена.
•  Дали сте поставиле соодветно времетраење на готвењето за одредениот тип на храна?
•  Дали сте избрале соодветна јачина?
Се јавуваат искри и звуци во внатрешноста на печката (електрично празнење).
•  Дали сте користеле сад со метални делови?
•  Дали сте оставиле вилушка или друг метален прибор во внатрешноста на печката?
•  Дали алуминиумската фолија е премногу блиску до внатрешните ѕидови?
Светилката не работи. 
•  Светилката не треба да се менува од страна на корисници заради безбедносни 
причини. Ве молиме обратете се во најблискиот овластен центар за грижа за 
корисници на Samsung и побарајте квалификуван инженер да ја замени светилката.
Печката предизвикува пречки кај радиоприемниците или телевизорите.
•  Додека се користи печката може да се јават мали пречки кај радиоприемниците или 
телевизорите. Ова е нормално. За да го отстраните проблемот, поставете ја печката 
подалеку од телевизорите, радиоприемниците и антените.
•  Ако се јават пречки кај микропроцесорот на печката, екранот може да се ресетира. 
За да го отстраните проблемот, исклучете го кабелот за напојување и повторно 
вклучете го. Повторно поставете го времето.
Чад и лоша миризба при првото користење.
•  Тоа е привремена состојба во која се загреваат новите компоненти. Чадот и 
миризбата целосно ќе исчезнат по 10 минути користење. 
За да ја отстраните миризбата побрзо, ве молиме вклучете ја микробрановата печка 
и ставете парчиња лимон или сок од лимон во орманот.
Доколку со помош на горните совети не можете да го решите проблемот, обратете 
се до вашиот локален SAMSUNG сервисен центар. 
Ве молиме подгответе ги следните информации;
•  Бројот на моделот и серискиот број, кои обично се наоѓаат на задната страна на печката
•  Деталите од гаранцијата
•  Јасен опис на проблемот
Потоа обратете се до вашиот локален продавач или до SAMSUNG сервисот.
ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
SAMSUNG постојано се труди да ги подобрува своите производи. Дизајнот и 
спецификациите во упатството се предмет на промени без претходна најава.
Модел 
MG23F301T**, MG23F302T**
Извор на напојување
230 V - 50 Hz
Потрошувачка на енергија
Микробранови
Грејач
Комбиниран режим
1200 W
1100 W
2300 W
Излезна моќност
100 W / 800 W (IEC-705)
Работна фреквенција
2450 MHz
Магнетрон
OM75P(31)
Метод на ладење
Вентилатор за ладење со електромотор
Димензии (Ш x В x Д)
Надвор
Внатрешна празнина на печката
489 x 275 x 392 mm
330 x 211 x 324 mm
Волумен
23 литри
Тежина
Нето
13 kg приближно
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-01_MK.indd   35
2013-07-22   �� 10:32:37