Panasonic TX55CSW524 Bedienungsanleitung

Seite von 301
Забелешка
 
Користете прав ЛАН-кабел.
 
Поставете ја и поврзете ја потребната опрема за мрежна околина. Не 
може да поставите такви поставки на овој телевизор. Прочитајте го 
прирачникот за опремата.
 
Ако модемот нема функции за широкопојасен рутер, користете 
широкопојасен рутер.
 
Ако модемот има функции за широкопојасен рутер, но нема слободни 
порти, користете разделник.
 
Широкопојасните рутери и разделници треба да бидат компатибилни 
со 10BASE-T / 100BASE-TX.
 
Ако користите опрема што е компатибилна само со 100BASE-TX, 
потребни се ЛАН-кабли од категорија 5 или повисока.
 
Контактирајте со вашиот давател на интернет-услуги или 
телекомуникациска компанија за помош за мрежната опрема.
 
Потврдете ги правилата и условите од договорите со вашиот давател 
на интернет-услуги или телекомуникациската компанија. Во зависност 
од договорите, може да се наплатат дополнителни надоместоци 
или можеби е невозможно поставување на повеќе поврзувања на 
интернет.
 
Исклучете го телевизорот со Прекинувач за вклучување / исклучување 
на електрична енергија, а потоа вклучете го повторно кога го 
сменувате или го менувате мрежното поврзување.
 
Во зависност од состојбата на мрежата, можно е содржината да не се 
репродуцира правилно.
 
За повеќе информации за поврзувања DVB-via-IP
- 162 -