Panasonic TX55CSW524 Bedienungsanleitung
VIERA Link „HDAVI Control™”
Резиме за VIERA Link
Уживајте во дополнителна интероперабилност со HDMI со производите
на Panasonic коишто ја имаат функцијата „HDAVI Control™”.
VIERA Link (HDAVI Control) ги поврзува телевизорот и опремата
VIERA Link (HDAVI Control) ги поврзува телевизорот и опремата
со функцијата VIERA Link и овозможува лесно контролирање,
репродуцирање, заштеда на енергија, создавање домашно кино и др.
без сложени поставки. Поврзувањето на опремата (DIGA рекордер,
ХД видеокамера, Театарски плеер, Засилувач и др.) со HDMI и SCART
кабли ви овозможува да им пристапите автоматски. Овие функции се
ограничени само за модели кои имаат „HDAVI Control” и „VIERA Link”.
●
Овој телевизор ја поддржува функцијата „HDAVI Control 5”.
●
Некои функции не се достапни во зависност од верзија на опремата
на HDAVI Control. Потврдете ја верзијата на HDAVI Control на
поврзаната опрема.
●
VIERA Link „HDAVI Control” е уникатна функција што ја развивме и
ја додадовме врз основа на контролните функции што ги нуди HDMI
којшто е индустриски стандард познат како HDMI CEC (Контрола на
електроника за широка потрошувачка). Како таков, не може да се
гарантира неговата работа со производи од други производители што
поддржуваат HDMI CEC.
●
Карактеристиките на VIERA Link може да бидат достапни дури и со
опрема од други производители што поддржува HDMI CEC.
●
Проверете во прирачниците за производите од други производители
што ја поддржуваат функцијата VIERA Link.
●
За производите на Panasonic што ја поддржуваат оваа функција,
проверете кај локалниот продавач на Panasonic.
- 207 -