Panasonic TX55CSW524 Bedienungsanleitung

Seite von 301
Изборни додатни алатки
Држач за закачување на ѕид
 
Држач за закачување на ѕид
 
Контактирајте со локалниот продавач на Panasonic за да го купите 
препорачаниот држач за закачување на ѕид.
= Предупредување =
 
Ако користите други држачи за закачување на ѕид или ако сами го 
монтирате држачот за закачување на ѕид, постои опасност да се 
повредите и да го оштетите производот. За да ги одржите работата 
и безбедноста на уредот, не заборавајте да побарате од продавачот 
или овластениот изведувач да ги обезбеди држачите за закачување 
на ѕид. Секоја штета предизвикана од монтирање без квалификуван 
монтер ќе ја поништи вашата гаранција.
 
Внимателно прочитајте ги упатствата за изборната галантерија и 
никако не заборавајте да преземете чекори за да спречите паѓање на 
телевизорот.
 
Внимателно ракувајте со телевизорот при монтирањето затоа што ако 
е подложен на удар или на други сили може да се оштети.
 
Бидете внимателни кога ги прицврстувате држачите на ѕидот. Секогаш 
проверувајте дали има електрични кабли или водови во ѕидот пред да 
го поставите држачот.
 
За да спречите паѓање и повреда, извадете го телевизорот од ѕидот 
ако не го користите повеќе.
- 297 -