Panasonic TX50DSX639 Bedienungsanleitung

Seite von 336
VIERA Link „HDAVI Control™”
Резиме за VIERA Link
Уживајте во дополнителна интероперабилност со HDMI со производите 
на Panasonic коишто ја имаат функцијата „HDAVI Control™”.
VIERA Link (HDAVI Control) ги поврзува телевизорот и опремата 
со функцијата VIERA Link и овозможува лесно контролирање, 
репродуцирање, заштеда на енергија, создавање домашно кино и др. 
без сложени поставки. Поврзувањето на опремата (DVD рекордер, ХД 
видеокамера, Театарски плеер, Засилувач и др.) со HDMI и SCART 
кабли ви овозможува да им пристапите автоматски. Овие функции се 
ограничени само за модели кои имаат „HDAVI Control” и „VIERA Link”.
 
Овој телевизор ја поддржува функцијата „HDAVI Control 5”.
 
Некои функции не се достапни во зависност од верзија на опремата 
на HDAVI Control. Потврдете ја верзијата на HDAVI Control на 
поврзаната опрема.
 
VIERA Link „HDAVI Control” е уникатна функција што ја развивме и 
ја додадовме врз основа на контролните функции што ги нуди HDMI 
којшто е индустриски стандард познат како HDMI CEC (Контрола на 
електроника за широка потрошувачка). Како таков, не може да се 
гарантира неговата работа со производи од други производители што 
поддржуваат HDMI CEC.
 
Карактеристиките на VIERA Link може да бидат достапни дури и со 
опрема од други производители што поддржува HDMI CEC.
 
Проверете во прирачниците за производите од други производители 
што ја поддржуваат функцијата VIERA Link.
 
За производите на Panasonic што ја поддржуваат оваа функција, 
проверете кај локалниот продавач на Panasonic.
- 235 -