Panasonic TX50DSX639 Bedienungsanleitung

Seite von 336
Одржување
Нега и чистење
Прво, исклучете го кабелот од штекер.
 
Панел на екранот, куќиште, држач
Редовна нега:
Нежно избришете ја површината на панелот на екранот, куќиштето 
или држачот со мека крпа за да ги исчистите нечистотијата или 
отпечатоците од прсти.
За закоравена нечистотија:
(1) Прво исчистете ја прашината од површината.
(2) Натопете мека крпа во чиста вода или во разреден неутрален 
детергент (1 дел детергент во 100 делови вода).
(3) Убаво исцедете ја крпата. (Внимавајте, не дозволувајте да влезе 
течност во телевизорот затоа што може да предизвика дефект на 
производот.)
(4) Внимателно избришете со влажна крпа и исчистете ја 
закоравената нечистотија.
(5) Конечно, избришете ја сета влага.
= Внимание =
 
Не користете тврда крпа и не стегајте многу врз површината затоа 
што може да ја изгребете.
 
Внимавајте површината да не дојде во допир со инсектицид, 
растворувач, разредувач или други абразивни супстанции. Тоа може 
да го намали квалитетот на површината или да предизвика лупење на 
бојата.
 
Површината на панелот на екранот е најзагрозена и лесно може да се 
оштети. Внимавајте да не ја удирате и да не ја гребете површината со 
нокти или други тврди предмети.
 
Не дозволувајте куќиштето и држачот да бидат во контакт со гума или 
ПВЦ-супстанца долго време. Тоа може да го намали квалитетот на 
површината.
 
Приклучок за напојување
 
Бришете го приклучокот за напојување со сува крпа на редовни 
интервали. Влагата и прашината може да предизвикаат пожар или 
електричен удар.
- 332 -