Panasonic NA107VC4 Bedienungsanleitung

Seite von 40
Перење
Поставување на перењето
Модел
1. Отворете ја вратата и ставете ја 
облеката во барабанот
За детали околу подготовката и 
сортирањето на облеката, погледнете на 
стр. 8 и 16.
14 - Инструкции за перење
Внимание
-  Осигурајте се дека облеката не е 
зафатена во вратата.
-  Не преполнувајте го барабанот.
  Ова може да предизвика 
прекумерно вибрирање или 
оштетување на уредот.
2. Затворете ја вратата.
3. Завртете го бирачот на програма во 
која било насока за да го вклучите 
уредот и изберете ја програмата.
 
  Ќе се прикаже времето за перење. За 
повеќе детали околу секоја програма, 
видете на стр. 18-19.
Програма 15°C Wash  (Перење на 15°C)
Оваа програма ја постигнува истата моќ на 
чистење со перење на ниска температура 
како програмата 40°C (освен за масни 
дамки).
Програма Spin (Центрифуга)
Со програмата Spin, оперирањето почнува 
од процесот на испуштање на водата без 
разлика дали има вода во барабанот или 
не. Откако водата ќе се исфрли на 
поставено ниво, ќе почне процесот на 
центрифуга.
4. Изберете брзина на вртење
  Ако изберете брзина на вртење што е 
поголема од достапната (видете на стр. 
18-19), тогаш ќе биде применета 
максималната брзина.
5. Изберете опциски функции
-   Extra Rinse (Дополнително плакнење) 
функција. (Видете на стр. 22.)
-   Температура. (Видете на стр. 12.)
-   Претходно нагоден мерач на време. 
(Видете на стр. 22.)
6. Додадете детергент во фиоката за 
детергент.
  (Видете на стр. 9-11.)
7. Притиснете го копчето Start.
  Уредот ќе почне да се снабдува со вода 
по испуштањето.
-  Кога почнувате со перење, екранот 
за процесот трепка за да прикаже 
која функција е во прогрес.
-  Пред да почне која било програма, 
уредот мора најпрвин да ја исфрли 
водата.
Забелешка
Алармот ќе се огласи и на екранот ќе 
трепка „END“ кога програмата ќе 
заврши, а вратата веднаш ќе се 
отклучи.