Panasonic NA168VG4 Bedienungsanleitung

Seite von 40
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
Ве молиме, прочитајте ги и следете ги овие 
безбедносни мерки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Општа употреба
-  Овој производ е наменет за употреба од 
страна на деца од 8 години и повеќе, 
како и лица со намалени физички, 
сетилни или ментални способности или 
недостаток на искуство и знаење, 
доколку им е определен надзор од лице 
одговорно за нивната безбедност или им 
се дадени инструкции за употреба на 
овој уред на сигурен начин и со 
разбирање на ризикот.
  Децата не треба да си играат со уредот.
  Чистењето и одржувањето не треба да 
се изведуваат од страна на деца без 
надзор од лице одговорно за нивната 
безбедност.
-  Децата треба да се надгледуваат за да 
се уверите дека не си играат со уредот.
-  НЕ поставувајте сталажа или стол во 
близина на уредот. 
  Децата може да го дофатат контролниот 
панел, да се качат или да влезат во 
уредот.
-  Исклучете го доводот на вода за уредот 
доколку не го употребувате подолг 
период, како за време на празници. Ова 
е особено важно ако во близина на 
уредот нема одвод. 
  Ако доводот на вода не е исклучен, 
притисокот од водата може непотребно 
да се зголеми и да резултира со 
протекување.
-  НЕ инсталирајте го уредот на влажно 
место или место изложено на временски 
влијанија.
  Ова може да резултира со дефект, 
намалена функционалност, електричен 
удар или пожар.
-  НЕ полевајте или не истурајте вода 
директно на кој било дел од уредот. 
  Ова може да резултира со дефект, 
електричен удар или пожар.
Ова опишува проблеми што можат да 
предизвикаат смрт или сериозна 
повреда.
4 - Прочитајте пред употреба
-  Изворите на отворен оган, како свеќи 
или цигари, држете ги подалеку од 
уредот.
  Ова може да предизвика пожар или 
оштетување на уредот.
-  Запаливите материјали држете ги 
подалеку од уредот, на пример бензин, 
разредувач, алкохол или облека 
навлажнета со овие материи.
  Можат да предизвикаат експлозија или 
пожар.
Извор на напојување и кабел
-  Кога го чистите уредот исклучете го 
кабелот за напојување.
-  Проверете дали мрежниот кабел и 
мрежниот приклучокот за напојување се 
оштетени. 
  Ако кабелот за напојување е оштетен, 
замената мора да ја изврши 
производителот, сервисниот персонал 
или личност со слични квалификации за 
да се избегне незгода.
-  НЕ користете адаптер за електричниот 
приклучокот или за продолжниот кабел. 
Постои можност од прегревање што 
може да предизвика пожар. Употребете 
посебен ѕиден приклучок само за овој 
уред, со целосен опсег од AC 220 до 240 
V. Доколку не сте сигурни, контактирајте 
квалификуван електричар.
-  ОСИГУРАЈТЕ се дека електричниот 
приклучокот е целосно вметнат во 
ѕидниот приклучок. Ако електричниот 
приклучок не е целосно вметнат, 
олабавениот приклучок може да се 
прегрее и да предизвика електричен 
удар или пожар.
-  НЕ допирајте ги кабелот и електричниот 
приклучокот со влажни раце. 
  Можност од електричен удар.
-  НЕ влечете го кабелот за напојување 
туку држете го приклучокот за 
напојување за да го исклучите уредот. Во 
спротивно, постои можност од 
оштетување на кабелот за напојување, 
што може да доведе до електричен удар 
или пожар.