Panasonic TX65CZW954 Bedienungsanleitung

Seite von 365
 
Репродуцирање на споделена содржина на овој 
телевизор со DMC (дигитален медиумски контролер) 
мрежна опрема
Може да уживате во содржината складирана на медиумскиот сервер со 
контролирање на DMC-мрежната опрема (паметен телефон, компјутер со 
инсталиран Windows 7 / Windows 8 и др.) поврзана на домашната мрежа.
 
За да ја користите оваа функција со паметниот телефон или Windows 
7 / Windows 8, поставете 
Пост. за апл. TV Remote
 за овој телевизор.
И треба да ја инсталирате апликацијата за контролирање VIERA на 
паметниот телефон. За информации за апликацијата:
http://panasonic.net/viera/support (само на англиски јазик)
За операциите, погледнете во информациите за поддршка за 
апликацијата.
 
„Windows 7 / Windows 8” се оперативни системи што се тестирани за 
компатибилност со овој телевизор (информација од јануари, 2015 
год.). За операциите, погледнете во функциите за помош на Windows 
7 / Windows 8.
 
Споделување на содржина на овој телевизор со друга 
мрежна опрема
Може да уживате во содржината на овој телевизор со друга мрежна 
опрема што е поврзана на вашата домашна мрежа.
Достапна содржина:
 
Фотографии, видеа или музика на овој телевизор
 
Тековна дигитална ТВ-програма
 
ТВ-програми што се снимени на USB HDD со овој телевизор
Достапна мрежна опрема:
 
DLNA-сертифициран VIERA
 
Паметен телефон и др.
 
За да ја користите оваа функција со паметниот телефон, треба да 
ја инсталирате апликацијата за контролирање VIERA на паметниот 
телефон. За информации за апликацијата:
http://panasonic.net/viera/support (само на англиски јазик)
За операциите, погледнете во информациите за поддршка за 
апликацијата.
- 181 -