LG LGV480 User Guide

Page of 582
75
СОВЕТ! Додека гледате видео клип, лизгајте нагоре-надолу по левата 
страна на екранот за да ја прилагодите светлината на екранот. Лизгајте 
нагоре-надолу по десната страна на екранот за да ја прилагодите јачината 
на звукот.
Музика
Вашиот таблет има музички плеер кој ви овозможува да ги пуштате вашите 
омилени песни. За да пристапите на музичкиот плеер, на Почетниот екран, 
допрете Апликации 
 > Апликации јазиче > Музика 
.
Пренесување на музика со помош на режимот на MTP 
медиумски уреди
Поврзете го таблетот со вашиот PC користејќи USB кабел.
Изберете ја опцијата Медиумски уред (MTP). Вашиот таблет ќе се појави 
како друг хард диск на вашиот компјутер. Кликнете на драјвот за да го 
прегледате. Ископирајте ги фајловите од вашиот PC во фолдерот на драјвот.
Репродукција на песна
На почетниот екран, допрете Апликации 
 > Апликации јазиче > 
Музика 
.
Допрете ја картичката Песни.
Изберете ја песната која сакате да ја репродуцирате.