LG V500 User Guide

Page of 560
107
За архивирање и обновување на податоците на 
уредот
Се препорачува на внатрешната меморија редовно да креирате и зачувувате
фајл за архивирање, особено пред ажурирање на каков било софтвер.
Одржувањето на тековна бекап датотеката во меморијата за складирање
може да ви овозможи да ги вратите податоците на уредот, ако вашиот уред е
изгубен, украден или оштетен од страна на непредвиден проблем.
Оваа LG бекап апликација е поддржана помеѓу LG телефоните и таблетите,
други S/W или ОЅ верзии. Како резултат на тоа, кога ќе купите нов LG паметен
телефон и таблет, можете да направите бекап на податоците од тековниот
уред на вашиот нов уред.
Ако ја имате апликација за бекап инсталирана на вашиот паметен телефон и
таблет, можете да направите бекап и да ги реставрирате повеќето од вашите
податоци, вклучувајќи ги преземените и пре-инсталираните апликации,
обележувачи, записи од календарот, контакти, поставувања за почетниот
екран и системски поставувања. Исто така, ќе можете да:
•  Изведете LG Бекап рачно на Вашиот уред.
•  Планирате автоматски бекап на Вашиот уред.
•  Ги вратите вашите податоци од уредот.
ЗАБЕЛЕШКА: Обрнете внимание дека функцијата за архивирање не
поддржува архивирање на корисничките и мултимедијалните податоци
(слики/видео записи/музика). Овие фајлови архивирајте ги со помош на
опцијата Медиумско синхронизирање (MTP). Поврзете го вашиот таблет
со вашиот компјутер со помош на USB кабел и допрете на Медиумска
синхронизација (MTP).
LG Backup