LG V500 G Pad 8.3 User Guide

Page of 560
65
Галерија
Можете да складирате мултимедијални фајлови на внатрешната меморија за
полесен пристап до сите ваши мултимедијални фајлови. Со помош на оваа
апликација можете да прикажувате мултимедијални фајлови како слики и
видео записи.
На почетниот екран, допрете Апликации
> Апликации јазиче >
Галерија 
.
Можете да управувате и да ги споделувате сите ваши слики и видео
датотеки преку Галеријата.
ЗАБЕЛЕШКА:
•  Одредени формати на фајлови не се поддржани во зависност од
софтверот кој е инсталиран на уредот.
•  Некои фајлови можно е да не се репродуцираат правилно, во зависност
од тоа како се кодирани.
Прегледување на слики
Активирајте ја функцијата Галерија за да се прикажат достапните фолдери.
Кога некоја друга апликација, како на пр. E-mail, ќе зачува некоја слика,
автоматски ќе се креира фолдер за превземање во кој ќе биде сместена
сликата. Исто така, ако направите снимка на екранот, автоматски се креира
фолдер Снимки на екран. Допрете фолдер за да го отворите.
Во рамките на фолдерот, сликите се прикажани според датумот на креирање.
Изберете слика за да ја прикажете на целиот екран. Придвижете се налево
или надесно за да ја видите следната или претходната слика.
Мултимедија